09.10.2022
Состојки
Подготовка
Спанаќот одмрзнете го и убаво исцедете го.
Вклучете ја рерната да се загрева на 200°. Плехот за мафини намастете го и набрашнете го. Ставете хартиени корпиња во него.
Во длабок сад со жица за матење, изматете ги јајцата заедно со маслиновото масло и млекото. Додадете го спанаќот и зачинете со бибер и морско оревче. Брашното измешајте го со пецивото и 1 лажичка сол, па на два пати додадете го во смесата со јајца. Измешајте убаво со дрвена лажица. Фета сирењето издобете го и тоа додадете го и вниметелно измешајте ја смесата.
Смесата распоредете ја во 12 форми за мафини и печете 20тина минути или во зависност од рерната.
На здравје!
25.10.2020
Во ладните есенски или зимски денови, или пак при настинка, нема ништо подобро од топла пилешка супа.
Докажано е дека пилешката супа лекува од настинка, бидејќи кога пилешкото месо се готви, протеинот цистеин се пренесува во супата. Протеинот, меѓу другото, има антиинфламаторно дејство и на тој начин може да ви помогне брзо да оздравите.
Секој си има свој рецепт за оваа супа, па еве како јас ја подготвувам...
Состојки
Подготовка
Пилешкото месо измијте го под млаз ладна вода и ставете го во тенџере. Зеленчукот исечкајте го на крупни парчиња и него ставете во тенџерето. Налејте околу 2л ладна вода, додадете биберот и ловорот и ставете да се вари на средна температура. Откако ќе зоврие, доколку се прави пена на површината, извадете ја со помош на мала цедалка. Варете додека месото убаво да омекне (околу 1 час).
Извадете го месото и тргнете на страна. Супата процедете ја. Зеленчукот можете да го исечкате ситно и да го искористите повторно во супата, но и не морате. Сите хранливи состојки од него веќе се во супата.
Месото исчистете го од коските и кожата, и исечкајте го. Ставете ја процедената супа повторно да се загрева, насолете на вкус. Јас сечкам дополнително два моркови на ситни парченца и ги ставам во супата. Оставете да врие на тивко неколку минути па додадете месото и фидето. Се вари на тивко 5-10 минути и на крај се додава цечканиот магдонос.
Доколку сакате, можете да додадете и јајце во супата. Јајцето изматете го со вилушка, додадете 1/2 лажиче оцет и 1 кутлача од супата, мешајте за цело време енергично. Додадете го ова во супата постепено и притоа за цело време мешајте ја супата. Вратете на оган уште некоја минута да вари па додадете го сечканиот магдонос.
На здравје!
08.11.2019
Како правилно да направите даска со сирења....
Најпрво се поставува прашањето, која количина на сирење да се сервира. Ова зависи од тоа дали сирењето е дел од мени, нпр. десерт, или се служи како мезе. Во првиот случај, планирајте 50-80гр. од човек. Во вториот случај, зголемете ја количината на 170-200гр. сирење од човек.
Мешавината на разновидни сирења е најважна - уредувањето на даската со сирење не е воопшто тешко.
Погрижете се за промена од секојдневните вкусови и создадете ароматична мешавина од благи, зачинети и ароматични, како и меки, полутврди и тврди сорти на сирења. Ваквиот избор е секогаш добредојден и нуди по нешто за сечиј вкус. Додадете некоја посебна сорта на сирење за „стандардната даска“ да не биде досадна. Секако дека можете да одберете сирења според одреден вкус, тип на млеко (кравјо, овчо), регион или сезона... изборот е ваш.
Иако добрите сирења зборуваат сами по себе во однос на вкусот, добро одбраните прилози кон нив можат дополнително да ја збогатат даската. На пример, белото и црното грозје извонредно се совпаѓаат со вкусот на сирење. Исто така јагоди, круши, смокви, капини како и јатки ореви се одличен прилог кон ваквите даски со сирења. Можете да додадете и суво овошје, тука сувите кајсии одлично се вклопуваат. Додадете солени крекери, соленки или потпечено лепче. Може да вметнете сосови и намази - одлична комбинација кон сирење се сенф од портокал или кајсии и овошни џемови. И секако, по избор и вкус, дополнете со пушено сувомеснато како нпр. пршута, која ќе ја исечете многу тенко.
Послужете со квалитетно бело вино.
14.10.2019
Состојки
Подготвока
Тиквата измијте ја, исчистете од семките и исечкајте ја на парчиња. Доматите исто исечкајте ги на парчиња. Кромидот и лукот исечкајте ги, пиперката исчистете ја од семето и неа исечкајте ја.
Во длабоко тенџере ставете го маслото, кромидот, лукот, пиперката, шеќерот и зачините и ставете да се пржи на тивко додека кромидот да омекне. Додадете ја тиквата, доматите, оцетот и солта. Измешајте, поклопете со капак и оставете на тивко да се крчка 30тина минути или додека тиквата убаво да омекне.
Откако се сварило, поминете ја смесата низ ситеста цедилка. Јас ги отстранувам зачините (каранфилчињата, анисот и ловоровиот лист), ја пасирам со штабен миксер и потоа ја поминувам низ ситеста цедилка.
Ставете сега кечапот уште еднаш да зоврие и така врел ставете го во тегли. Затворете со капаци и оставете ги потполно да се оладат пред да ги ставите кај другата зимница.
Вака подготвената пченка има преубав, богат вкус. Пробајте :)
Состојки
Подготовка
Големо тенџере со зафатнина од 5л. наполнете го до пола со вода и ставете на рингла да зоврие. Додадете го млекото, путерот и класчињата пченка. Варете на умерена температура додека пченката да се свари. Толку :) Исцедете и послужете.
По желба, откако ќе ги исцедите класчињата, можете да ги запечете малку на скара или грил тава.
Состојки
Подготовка
Зеленчукот убаво се мие и се чисти. Корнишоните и морковите се сечкаат на кругчиња. Карфиолот се дели на мали цветчиња (парчиња), а зелката ситно се сецка (ренда). Во едно длабоко тенџере ставете ги најпрво морковите, врз нив наредете ги корнишоните. Над корнишоните се реди карфиолот а најодозгора зелката.
На страна во теџере се ставаат сите состојки за солилото и се става да зоврие. Откако ќе зоврие се попарува зеленчукот, се поклопува со капакот и се остава така да отстои 15 минути.
Отворете го малку капакот од тенџерето со зеленчук и исцедете го солилото во тенџерето во кое претходно се варело. Повторно ставете го да зоврие и уште еднаш попарете го зеленчукот.
Повторете го тоа и по третпат.
Откако по третпат сте го попариле зеленчукот, оставете така убаво да се олади најдобро преку ноќ. Наредниот ден полнете ги теглите со салатата. На крај, дополнете ги теглите со солило и затворете ги убаво со капаците.
Зеленчукот одберете си го по ваша желба. Јас во рецептов го напишав мојот избор. Може да ставите и пиперки, зелени домати....Бибер напишав по желба зашто нема некоја мера, ама отприлика треба да рачунате со една кесичка бибер.
Од оваа мера излегуваат некаде околу 6-7 тегли.
Вака подготвените домати не само што имаат долг рок на траење, туку и си го задржуваат вкусот, како да се штотуку набрани. Ги користам за подготовка на манџи и сосеви.
Состојки
Подготовка
Измиените домати засечете ги накрсно од долната страна и ставете ги во врела вода за лушпата полесно да може да се отстрани. Поминете ги преку преса. Доколку ја немате, тогаш излупете ги и изрендајте ги. Ставете ги во длабоко тенџере да се варат на умерена температура. Се варат додека малку да се згуснат, кај мене отприлика 1 саат. На крај се ставаат солта и шеќерот и кратко се доварува. Се полни во стерилизирани тегли или шишиња и цврсто се затвораат со капаци. Оставете потполно да се изладат па ставете кај другата зимница.
Сосот од домати е вкусен придружник на тестенини и други јадења. Вака подготвен секогаш ќе ви биде при рака, само да се затопли додека се варат тестенините и веќе имате подготвено јадење. Или пак, испржете мелено месо, додадете го сосов и имате набрзина готов болоњезе сос.
Состојки
Подготовка
За да можете полесно да ја извадете лушпата, доматите засечети го одоздола и ставете ги во врела вода да одстојат неколку минути. Вклучете ја рерната да се загрева на 100 степени. Во длабока тава налејте вода, 1/3 од тавата да биде покриена со вода.
Излупете ги доматите и ситно исечкајте ги. Кромидот и лукот исто ситно се сечкаат. Во длабоко тенџере ставете масло да се загрева и ставете го кормидот да се запржи. Откако ќе омекне, се додава лукот, кратко се запржува па ставете го доматното пире. Запржете и додадете ги сечканите домати. Варете околу половина час на средна температура и при крајот додадете ги зачините. Стерилизираните тегли се полнат со врелиот сос и се затвораат цврсто со капаците. Ставете ги теглите во тавата со вода, но внимавајте да не се допираат меѓу себе. Оставете ги во вклучена рерна 1 час, потоа исклучете ја. Откако ќе ја исклучам рерната, ги оставам теглите 2 часа во неа, па потоа ги вадам и ставам на прекривка, ги покривам и оставам така потполно да се изладат.
Од оваа количина состојки излегуваат околу 8-9 тегли од 500мл.
Сега е време кога природата ни дава богати подароци. Искористете ги во подготовка на вкусни билни масла. Ова е одличен начин да ги уживате овие подароци подоцна во текот на годината.
Состојки
Подготовка
Рузмаринот и мајчината душица измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги убаво (!) да се исушат. Во чисто и суво шише ставете го биберот, лукот и зачините, па налејте го и маслото. Затворете го убаво шишето и ставете го на светло место да отстои 2-3 недели. Повремено (секој втор, трет ден) протресете го шишето. Извадете ги зачините, процедете го маслото и ставете го во стаклено шише.
Зачинското масло дава особено добар вкус и се користи во салати, маринади за месо на скара, како и за фино зачинување на зеленчук.
Состојки
Подготовка
Пиперките, доматите и парлиџанот се печат. Јас ги печев во рерна, во плех на хартија за печење на 180 степени додека да омекнат.
Откако се испечат и изладат, се лупат и се сечкаат, се додава сечканиот лук. Се заедно се меша во сад, по желба се толчи и се насолува на вкус. Зејтинот се загрева и со него се попарува пинџурот.
На здравје!
Состојки
Подготовка
Мерките во рецептов се однесуваат на веќе исчистен зеленчук.
Исечкајте го на покрупни парчиња и ставете го заедно со зачините во мултипрактик па измиксајте. Зеленчукот треба да е многу ситно исечкан. Измешајте со солта и распоредете го во плех на хартија за печење и ставете во загреана рерна на 80 степени на опција вентилатор да се суши околу 6-8 часа (евентуално и подолго). Првите два часа оставете ја вратата од рерната малку подотворена (најдобро ставете дрвена лажица) за да излегува пареата што ќе се направи при сушењето. Повремено промешувајте за подеднакво да се суши зеленчукот. Последните два часа можете да ја зголемите температурата на рерната на 100 степени. Зеленчукот е сув кога при мешање ќе почне да „шушка“. Оставете да се излади и по желба измелете го во мултипрактикот.
Напомена
Комбинацијата на зеленчук и зачини може секако сами да си ја направите по вкус, важно е да го запазите соодносот на сол и количината на зеленчук и зачини, односно на 1кг. зеленчук се става 100гр. сол. Сушењето не мора да биде во рерна, во топли и сончеви денови може секако и надвор да сушите.
Не мерев колкава количина на зачин добив, но наполнив две мали теглички, или онака од око би рекла некаде околу 250гр. зачин. Дозирањето одредете си го сами, сепак тоа зависи од вкус, но ете јас би рекла 1 - 1,5 лажица на 1л. течност е доволно.
Состојки
Подготовка
Мангото излупете го и исечете го на парчиња, ставете ги во длабок и висок сад. Додадете ја бананата, јогуртот и сокот од лимон и измиксајте со штабен миксер да добиете мазна и густа смеса. Ставете ја смесата во длабок сад за послужување, додадете одозгора гранолата и овошјето.
Пријатен појадок!
Без вештачки ароми, без палмино масло. Едноставна подготовка а многу повкусна од купената.
Состојки
Подготовка
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во плех од рерна ставете хартија за печење.
Бадемите и лешниците крупно исечкајте ги. Во длабок сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ја смесата. Распоредете ја врз хартијата за печење и ставете да се пече 20 минути. Промешувајте ја гранолата на секои 4-5 минути за подеднакво да се испече.
Оставете да се излади па ставете во тегли и затворете со капаци. Вака ќе трае и неколку недели.
Состојки
Подготовка
Авокадото ставете го во висок сад. Додадете го ситно сечканиот лук, сокот од лимон и маслиновото масло. Насолете и набиберете на вкус. Изблендирајте ја смесата да добиете мазен крем. На крај додадете го ситно сечканиот кромид, измешајте убаво.
Напомена
Јас ставив нешто повеќе сок од половина лимон, но тоа е по вкус. Може и да додадете зачини по желба.
На здравје :)
Состојки
Подготовка
Хокаидо тиквата нема потреба да се лупи, се вари заедно со лушпата. Количината на вода во рецептов, можеби ќе треба да се прилагоди доколку користите друг вид на тиква.
Тиквата измијте ја, пресечете ја на половина, исчистете ја од семките и исечете на мали парчиња/коцки. Морковот, компирите и кромидот излупете ги и исечкајте ги. Се заедно ставете во едно длабоко тенџере, додадете зејтин и ставете да се пржи додека кромидот стане стаклест. Додадете ја водата и коцките супа, насолете и набиберете на вкус и оставете да зоврие. Намалете температурата на средна, поклопете со капак и оставете така да се крчка околу 20 минути или додека зеленчукот да омекне.
За тоа време, во едно тавче загрејте неколку лажици зејтин и ставете го меленото месо да се пржи, при тоа убаво иситнете го. Насолете и набиберете на вкус. Една минута пред крајот додадете го младиот кромид исечкан на прстени. Пржете сосема кратко, колку само да овене кромидот. Тргнете на страна.
Готовата супа измиксајте ја со рачен/штабен миксер. Ставете од супата во тањири, одозгора ставете по една полна лажичка кисела павлака и наросете со по неколку лажици од меленото месо.
На здравје :)
Аиоли или Алиоли е медитерански ладен крем (намаз или дип) кој се служи како предјадење со леб и маслинки или како додаток со други јадења, како на пример со месо, риба, зеленчук. Може да го користите и како дип со чипс и крекери и сл.
Состојки
Подготовка
Состојките треба да се сите отприлика на иста температура. Во подлабок висок сад, ставете ги сите состојки освен зејтинот и изматете со штабен миксер или во блендер. Постепено, во тенок млаз додавајте го зејтинот. За целото време матете во блендерот или со миксерот. Ќе видите кога половина од зејтинот сте го ставиле во смесата, истат ќе почне да се згуснува. На крај, треба да добиете смеса густа како павлака.
Вкусен и сенаменски крем кој е готов за само 5 минути.
Добар апетит!
11.06.2018
Познат од Американската кујна под името Sour cream - Steakhouse style, универзален крем или сос кој најмногу оди со печени или варени компири, но исто вкусен е и во комбинација со месо или зеленчук на скара. Брз и едноставен рецепт кој верувам дека ќе ви се допадне.
Состојки
Подготовка
Власецот исечкајте го ситно, лукот поминете го низ преса. Сите состојки измешајте ги убаво, посолете и набиберете на вкус. Толку :). Кремот ви е спремен. Оставете да отстои во фрижидер најмалку еден час пред да го послужите.
20.06.2018
Состојки
Компирите сварете ги со лушпа. Истурете ја водата откако ќе се сварат и оставете ги потполно да се изладат. Излупете ги и исечкајте ги на кругови со дебелина од околу 5мм. Ставете ги во длабок сад. Додадете го кромидот сечкан на прстени. Краставицата убави измијте ја и исечкајте ја на многу тенки кругчиња. Додадете ја и неа во садот. Посолете, набиберете на вкус и додадете мајонезот. Внимателно измешајте, наросете со сечкан магдонос и ставете ја салатата да отстои најмалку 30 минути пред да ја послужите. Краставицата ќе пушти малку вода која компирот ќе ја впие со што салатата ќе добие на сочност.
Одличен прилог е кон пржена или печена риба.
Добар апетит! :)
21.06.2018
Состојки
Подготовка
Тестото за пица премачкајте го со сосот од домати во кој претходно сте го ставиле босилекот и истиснатиот лук. Наросете го ренданиот кашкавал (200гр) и наредете го сувомеснатото. Завиткајте во ролат и сечете парчиња со дебелина од 2см. Парчињата редете ги во плех на хартија за печење и печете на 220 степени во претходно загреана рерна околу 15мин. во зависност од рерната. 5 минути пред крајот посипете ги со останатиот кашкавал (70гр.) и допечете. Одлични се за родендени, за брзо подготвено мезе или за вечера.
23.06.2018
Состојки
Подготовка
Измешајте прво пивото и зејтинот па додадете солта и пецивото. Ставете го сусамот, ленот и замесете тесто додавајќи го брашното. Развлечете кора со дебелина од 5мм. и сечете форми по желба. Се печат околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени.
Добар апетит! :)