Табела за конверзија/промена на садови за печење

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Позната ви е следнава ситуација? Имате рецепт за тава со пречник од 20см. но, на располагање само една тава со пречник од 26см, или обратно. Или пак, сакате да испечете колач во правоаголна форма но рецептот е за округла тава. Тогаш, табелава ќе ви помогне при конверзија за садови за печење.

Користењето на табелата е многу лесно. Во горната, хоризонтална линија, ќе ја најдете големината на тавата за печење според рецептот. Во првата вертикална колона од лево посакуваната големина.

 


Конвертирање на „Cups vo Gramovi"

Подготвуваш често американски рецепти? Тогаш табелава сигурно ќе ти биде од голема корист :)

                                  

 

 

 

                      

 

*информациите во табелата се превземени од www.strong-magazine.com

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


КАКО НАБРЗИНА ДА ГО ОМЕКНАМ ПУТЕРОТ?

Ако спонтано посакаш да направиш колач , и за рецептот ти треба мек путер има едноставен трик. Расечи ја потребната количина путер на парчиња и нареди ги како купче на еден тањир. Стопли една шоља или сад со топла вода и влечи ја преку купчето путер. Топлината ќе направи путерот брзо да омекне.

 


ДА НЕ СЕ МЕША МНОГУ!

Премногу добро го знам чувството, ако брзо и хектично мешам во тавата или тенџерето јадењето побрзо ќе се зготви :). Фактички се постигнува спротивниот ефект. Доколку премногу мешаш во тавата или тенџерето опаѓа температурата и целата работа трае подолго.

 


КАКО МОЖАМ ДА ГО ИЗБЕГНАМ ФАРБАЊЕТО НА ПРСТИТЕ?

Доколку сакаш да сечеш на пример цвекло или некој друг зеленчук или овошје коешто ги фарба рацете, тогаш можеш пред тоа да ги намачкаш рацете со маслиново масло, тоа ги одбива фарбите. Но јас за такви работи земам ракавици за еднократна употреба од дрогерија (на пример од „ДМ“). И тоа црни, затоа што изгледаат многу убаво :). Избери ја вистиската величина на ракавици. Ракавиците треба добро да се лепат на раката. Тоа е многу важно, бидејќи инаку при сечење се сечат и врвовите на ракавиците.

 


Како оптимално да исцедам лимета

За да исцедиш повеќе сок од една лимета, најпрво истркалај ја лиметата на дрвена даска притоа нежно притискајќи одозгора со дланките. Пресечи ја на половина, срцевината избоцкај ја со остар нож, па исцеди во цедалка за цитрусно овошје.

 


Перфектно тесто за тестенини

Тој што сака сам да прави тестенини, не може без едно правило: сите состојки - и јајцата - мораат да бидат со собна температура. Најпрво ставете се на купче на работната маса и измешајте го, или пак препуштете и го првото мешање на кујнската машина. Но, за понатамошното месење нема друга алтернатива освен да се меси со рака. При тоа месете го тестото во различни насоки, најдобро на работна овршина од гранит, мермер....Преку мазноста и свежината на подлогата тестото се одвојува полесно отколку ако подлогата е од дрво. Кога ќе стане фино и мазно под прстите, завиткајте го тестото во фолија и оставете го да одмори отприлика 1 час.

 


Како полесно да излупиш ѓумбир

Нож или нож за лупење не се прецизни поради многуте мали грпки на ѓумбирот. Наспроти тоа, тој што употребува лажица и со неа трие внимателно преку кората работи многу поефикасно и побрзо, бидејќи со оваа метода се отстранува само кората.

 


Замрзнувај ги намирниците најрамно што може

Колку е порамна порцијата, толку побрзо се замрзнуваат во комората за замрзнување. И што побрзо намирниците замрзнуваат, толку подобра останува структурата на нивните клетки и со тоа се сочувуваат вкусот и конзистентноста. Освен тоа се штеди место. Покрај тоа, треба да се внимава во ќесичките да има што помалку воздух.